Kомпаниите заинтересирани да бидат партнери на државата во проектот за гасификација на Скопје, свои пријави за учество во првата фаза од конкурентниот дијалог за доделување договор за јавно приватно партнерство со Владата, ќе можат да ги достават до 26 јуни. Првичниот рок беше до 26 мај, но најверојатно поради изборите поради кои беа одложени многу од планираните активности врзани за промоција на проектот во странство, Владата реши да го продолжи рокот за пријавување. Kако што веќе „Дневник“ објави, досега тендерска документација имаат подигнато украинска, македонска и турската компанија „Аксо енерџи“, за кои се очекува дека и ќе поднесат пријави за учество. Со оглед дека со завршување на изборите се интензивираа контактите и со други компании, се најавува дека ќе има уште заинтересирани.
Kомпаниите заинтересирани да бидат партнери на државата во проектот за гасификација на Скопје, свои пријави за учество во првата фаза од конкурентниот дијалог за доделување договор за јавно приватно партнерство со Владата, ќе можат да ги достават до 26 јуни.
Првичниот рок беше до 26 мај, но најверојатно поради изборите поради кои беа одложени многу од планираните активности врзани за промоција на проектот во странство, Владата реши да го продолжи рокот за пријавување.
Kако што веќе „Дневник“ објави, досега тендерска документација имаат подигнато украинска, македонска и турската компанија „Аксо енерџи“, за кои се очекува дека и ќе поднесат пријави за учество. Со оглед дека со завршување на изборите се интензивираа контактите и со други компании, се најавува дека ќе има уште заинтересирани. Договорот за јавно приватно партнерство инаку вклучува обврска на избраната компанија за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем за пренос на природен гас во скопскиот регион.
Се проценува дека оваа инвестиција ќе чини околу 100 милиони евра. Времетраењето на договорот за јавно приватно партнерство ќе изнесува 20 години, а по овој период мрежата ќе премине во сопственост на државата.
Во објавениот повик право на пријавување имаат компании што имаат најмалку 5 години искуство во оперирање со дистрибутивни системи за природен гас во урбани средини, најмалку 40.000 корисници и вкупен годишен приход не помал од 40 милиони евра годишно.